Нашиот фуриозен тркач, прилепчанецот Илија Пајмакоски го освои второто место на Скопски Маратон, на трката од 5 км.
Уште една успешна трка е зад него, трка која е доказ за напорните тренинзи и постојаната фокусираност во маратонското трчање.
Илија е млад маратонец кој постојано бележи успеси, а тоа го потврдуваат неговите резултати: државен првак и најдобро време на 1500 метри во сениорска конкуренција, како и државен првак во крос-кантри трките до 23години.