Скандалозната изјава на премиерот Зоран Заев дека Македонија ја присвојувала туѓата историја, дочекана со радост во Бугарија. Бугарските медиуми со задоволство пишуваат дека македонската страна конечно признала дека им се краде историјата – објави “Курир”.
Имено, Заев во интервју за грчката телевизија Алфа, зборува за точките од договорот со Грција, за јазикот и словенските корени. Притоа тој кажува дека земјава претходно крадела туѓа историја и со тоа ги нарушувала односите со соседите, а како резултат на тоа нашиот евроинтергациски пат бил под блокада.
– Во минатото обидот да се промени и извитопери нашата историја со преземање на светска, балканска и туѓа историја како наша, без да се води сметка како тоа влијае кај соседите се предизвика состојба да бидеме буквално скарани скоро со сите соседи и се затворија сите процеси за интеграција во ЕУ и НАТО – изјави Заев
Целиот текст прочитајте го ТУКА