Компанијата “ИЗОФАС” започна со изведбата на уште еден капитален проект во Прилеп. Станува збор за изградба на улици во индустриската зона отспротива на “Жито Прилеп”, проект кој значително ќе ги подобри условите во зоната.
Изведбата на овие улици ќе ја чини општината нешто над 20 милиони денари. Ова е уште една валоризација за ефикасноста и квалитетот на изведба со кој располага “ИЗОФАС”, компанија која во изминативе години заврши повеќе инфраструктурни капитални проекти во општината.
Увид во градежните работи денеска извршија градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески и претседателката на Советот, Ирена Стерјовска.