Изостана манифестацијата “На Василица во Прилеп” кај Градскиот Саат, која се одржуваше во изминатите 4 години (ФОТО)

Изостана манифестацијата “На Василица во Прилеп”, која во изминатите 4 години се одржуваше на платото пред Градскиот Саат.

Во изминатите 4 години овој настан кој имаше за цел да создаде заедништво во празнувањето, предизвика голем интерес кај граѓаните. Се делеа и по околу 1.000 парчиња бурек, а во едно од нив имаше паричка, а оној кој што ќе ја пронајдеше паричката добиваше пригодни подароци од општината.

Општината настанот го организираше со поддршка од бизнис секторот, а идејата беше од година во година оваа манифестација да добива што поголема масовност и да биде збогатувана со уште повеќе новитети и музичка програма.

Од општината изостана соопштение зошто настанот годинава не се одржа по петти пат, и дали традицијата на празнување на празникот ќе продолжи во наредните години.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.