Измислил начин како во никој ресторан да не ја плати сметката и 5 години се хранел бесплатно

jeremy-heath

Најлошиот дел од ручекот во ресторан е моментот кога келнерот ја носи сметката. Но Британецот Џереми Хетс најде начин како да го избегне плаќањето – и тоа му успеало речиси 5 години, кога ја довел во прашање познатата изрека „Нема бесплатно јадење“

За време на сите овие години Џереми ги оштетил рестораните за неколку илјадници фунти, а измамата била едноставна, откако ќе се најаде обилен оброк и ќе испие добар пијалок, тој ќе одглуми болки во прстите односно срцев удар, главата ќе ја наведне на масата, и кога ќе повикаат брза помош таа ќе го однесе во болница каде ќе му констатираат дека не му е ништо и ќе си замине дома.

Откриен е сосема случајно, кога надзорните камери утврдиле дека само во еден ден изел два оброка на истата финта. Хетс е осуден на пола година затвор.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.