Изминатиот викенд полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, сигурносен појас…
Притоа, контролирани се вкупно 1206 возила и возачи и било констатирано дека 33 возачи ја надминале дозволената брзина, 28 возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле 18 возила, пет возачи не користеле сигурносен појас, а шест возачи зборувале на мобилен телефон при управување на возило – информираат од МВР.