Измерени температури и до -15 степени, следува промена во среда

Температури под нулата утринава биле измерени во целата држава. Најладно беше во Маврово, каде температурата во седум часот била -15 степени.

Во Крушево и Лазарополе се измерени -14 степени, во Берово -13, во Пожаране и Ѓуриште -11, во Крива Паланка, Скопје-Петровец и Тополчани -9, во Тетово и Прилеп -8, во Пrетор, Битола, Скопје на Зајчев Рид и Куманово -7, во Охрид, Штип и Виница -6, во Демир Капија -5, во Дојран и Струмица -4 и во Гевгелија -2 степена.

Во текот на денот облачноста ќе се намалува и ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со умерен северен и североисточен ветер.

Максималната температура ќе достигне од -1 до 6 степени.

Слично време и во Скопје со максимална температура до три степени.

За следниот период, синоптичарите најавуваат суво време, но со ниски утрински температури и со умерен северен ветер.

Дневните температури ќе бидат во благ, а од средината на наредната седмица и во позначителен пораст.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.