Измерени -50 степени во најстудениот град во светот

Температурите во најстудениот град на светот паднаа до минус 50 Целзиусови степени, пишува CNN.

Градот Јакутск во источен Сибир, кој е познат како едно од најстудените места во светот, доживеа невообичаено долг студен бран.

Јануари е најстудениот месец и, иако се навикнати на ниски температури, жителите на оддалечениот регион преземаат дополнителни мерки на претпазливост за да се загреат.

„Не можете да се борите со тоа“, изјави за Ројтерс еден жител облечен во две марами и повеќе слоеви на ракавици, капи и качулки. Или ќе се прилагодите и ќе се облечете соодветно или ќе страдате“.

„Треба само топло да се облечеш. Слоевито, како зелка“, вели друг жител.

Во Јакутск живеат нешто помалку од милион луѓе, а зимите таму може да бидат екстремно студени, дури и според руските стандарди, пишува CNN.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.