Изложбата “Ченто – биографија низ фотографија”, по повод 67-годишнината од смртта на великанот, на отворено пред прилепскиот Участак

На 24 јули одбележуваме 67 години од смртта на првиот претседател на Президиумот на Првото заседание на АСНОМ, Методија Андонов – Ченто.

Еден од најголемите великани во македонската историја, голем борец, деец, политичар и визионер, кој знаеше дека Македонија еден ден ќе стане независна и самостојна држава.

По тој повод, воедно и по повод 80-годишнината од одржувањето на Првото заседание на АСНОМ, каде беа донесени уставотворни одлуки и ставени темелите на македонската држава.

Изложбата “Ченто – биографија низ фотографија” која во изминатиот период беше поставена во 25 градови во Македонија, а интересот за истата не стивнува, па за таа цел, ќе биде поставена на отворено, пред Меморијалниот музеј “11 Октомври 1941”, местото од каде прилепските борци го започнале Народното востание на македонскиот народ, преку кое е стекната државноста на Македонија, за која Ченто се бореше и ништо не можеше да го спречи во истрајноста да се дојде до целта.

Изложбата во Прилеп ќе се одржи на 24. јули од 18:00 до 20 часот, и истата ќе биде тука и на 25 и 26 јули.

Да изразиме почит кон Ченто и кон сите кои се вградија во темелите на независна и самостојна Македонија!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.