На 5 декември 2025 /петок/ од 13.30 часот во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп ќе биде отворена изложба на слики од Мирослав Живковиќ, уметник од Србија. Изложбата е дел од меѓународната активност на ЦК „Марко Цепенков“- Прилеп и е поддржана од Министерството за култура и туризам.
За изложбата;
Сликите од Мирослав Живковиќ представуваат облик на неговиот интимен визуелен дневник на воспоставување однос со природата – циклус кој што тој постапни и прецизно го развива во последниве години. Се разбира упорноста на поетскиот континуитет, и мене кој поминува низ тој процес, подразбира и одредени поместувања во самата структура на сликата.
Пред се, промените дискретно го зафатиле аголот на односот на природата и предметите, што егзистираат во неа. Фронталниот став кој секогаш имплицира помала или поголема присутност на потребата да се опише виденото, материјализирајќи ја неговата морфологија заменет со настојувањето, контактот со природата и различноста на вибрациите што егзистираат во неа ги пренесе како збир на визуелни впечатоци, што оставаат, зидови, тревници, трепкачки светлосен флуид, земја и магла над неа.
Поранешното инсистирање на неколку сегменти, на очигледниот свет интегриран во визуелната ценила, и одстапило место на микрофрагментите од кои е извлечено она што е суштинско и елаборирано на платното, со систем на визуелни кодови што растат до самите рабови на сликата.
Самата промета на шаблонот од кои Живковиќ го започнува процесот на визуелното истражување, предизвика логични консеквентни промени во пластичниот слој на сликата.
Предизвикала потреба да се воспостави однос на силна интерпретација, помеѓу цртачката невратура и хроматскиот слој – потребата, всушност целиот исказ да се гради на контакт помеѓу цртежот и бојата при што ни едната ни другата феноменолошка одредница не го губи карактерот, со тоа што ќе дојде во подреден однос една кон друга.
Во тој однос линијата има карактеристики на автоматско пишување како блага форма на надреализмот, што е иманентна во стилската структура каква што е лирската апстракција.
Таа нагласена каприциозност и хир на цртежот, дискретно подкрепена од хроматската структура чија сила се манифестира во добро совладани текстури, во кои се избегнува високата паста во корист на порационалната, деликатната обработка, при што нема губење на нивниот интензитет.
Со други зборови со циклусот слики што ги имаме пред нас, Живковиќ исклучително и дискретно дефинирал форма на кружно движење во својата визуелна перцепција за светот – од себе до впечатокот кој го создава преку предметите што егзистираат во природатаи од изворот на своите визуелни и емотивни набљудувања кон себе.
Со тоа, реално, поставил здрава основа за понатамошни чекори кон ментално – визуелни предизвици во кои се манифестираат имагинарните простори, агонични средини, зони на напнатост и ехо во кои се случуваат елементарни негации на формите кои се во контакт со обликот и безобличноста, смислата и бесмислата на светот во кој ни е дадено да живееме – вели Срѓан Марковиќ
За авторот:
Мирослав Живковиќ е роден во Ниш, каде живее и работи на Факултетот за уметност, како редовен професор по предметите Цртање и Сликање. Имал 72 самостојни, на повеќе од 300 групни изложби во Србија и во странство. Учесник е на многубројни ликовни колонии, меѓу кои и на колонијата Дрен, на симпозиуми, предавања. Покрај со сликарство од 1992 година се занимава и конзервација. Добитник е на повеќе награди.
























