На 26 ноември 2025г./среда/од 19.00ч. во ликовниот салон од ЦК„Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата „Модерни и многуоблични “.
На изложбата со дела ќе се претстават академскиот вајар Славчо Павлоски (Прилеп) и студентите на ФЛУ Бранко Mанчев, Ванеса Ода и Вероника Цветаноска.
За изложбата:
Модерната уметност е изразителен и широк поим што содржи различни стилови, техники и концепции во уметноста од почетокот на 20 век. Таа се разликува од класичната уметност, поради својата иновативност, експериментирањето и фокусот на современите теми и искуства. Оваа уметност често го претставува духот на современоста и реакциите врз социјалните, политичките и технолошки промени.
Проектот ја претставува модерната уметност во скулптурата, графиката и сликарството. Ова е изложба која ги претставува разновидноста и комплексноста на модерната уметност, вклучувајќи различни стилови, техники и изразни средства. Исто така вклучувајќи ги и необичните и неочекувани моментни во делата, чисто авторски и експериментални. Вклучувајќи ја линијата, плохата и експресивноста на боите, ни објаснува за експерименталноста на авторите во своите подрачја. Различните аспекти на гледање на делата од страна на авторите во оваа многуоблична дејност, е токму тука претставена со различни техники и медиуми. Исто така се очекува од гледачот да ја разбере таа експерименталност која го следи целиот проект.
Со оваа изложба се истражува богатата разновидност и креативна комплексност на модерната уметност, вклучувајќи ги трите основни медиуми на уметноста, преку различни авторски изрази, изложбата ги осветлува необличните и експериментални аспекти на овие уметнички форми.
За уметниците:
Славчо Павлоски е роден на 15 септември 2001 година во Прилеп, Република Македонија. Средното образование го завршува во прилепската гимназија СОУ “Мирче Ацев”. Дипломира на Факултетот за ликовни уметности при универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, на отсек вајарство, под менторство на проф. м-р Гоце Наневски. Член е на Друштвото на ликовни уметници- Прилеп. Член на Друштво на Ликовни Уметници – Македонија (ДЛУМ) Посебен придонес за неговиот развој како ликовен уметник има професорот по ликовна уметност, Александар Џинго. Пред студиите има учествувано на повеќе ликовни колонии и нивни изложби, меѓу кои и на ликовната колонија “Центар за современа ликовна уметност” во Прилеп, а има работено како зограф во неколку цркви во Македонија. За време на студиите има учествувано на неколку ликовни колонии меѓу кои и на ликовната колонија “Дрен” во Прилеп.
02.06.2022 година – Првата самостојна изложба ја реализира со слики во Нови Сад, Р. Србија со изложба насловена како „Инспирација“ а составена од 14 дела масло на платно.
29.04.2023 година – Втората самостојна изложба, а прва со скулптури ја реализира во галеријата на Домот на култура “ Марко Цепенков “ – Прилеп . Изложбата беше насловена како „Материјалот и формата“, составена од 15 скулптури во мермер и дрво.
Учество на изложбата “Симбиоза” во галерија “CAC”- Скопје.
На 23 август 2023 имаше Изложба на скулптури под Саат Кулата во центарот на градот Прилеп. Всушност оваа изложба, серија на скулптури, во мермер како дематеријализација, започна како тримесечна работилница на почетокот на летото во 2023.
10.11.2023 година – Учество на изложба “Чаршијата галерија на занает и уметност” низ стара чаршија – Скопје.
Учество на манифестацијата поддржана од “europehouseskopje” – Студентска уметничка пролет во Сули ан – Скопје.
Учество на прва вајарска колонија – Музеј галерија – Кавадарци.
30.09.2024 година – Учество на изложба “Современата уметност како инспирација за идните генерации” во Лапидариумот во НУ Завод и Музеј – Прилеп.
31.11.2024 година – Учество на изложба – „СОВРЕМЕНА СКУЛПТУРА“ организирана од Друштво на Ликовни Уметници на Македонија (ДЛУМ).
02.11.2024 година – Учество на годишна изложба на Друштво на Ликовни Уметници – Прилеп (ДЛУП).
13.11.2024 година – Учество на годишна изложба на Друштво на Ликовни Уметници на Македонија (ДЛУМ).
21.11.2024 година – Учество на изложбата „Мал формат/Миниартура“ организизрана од Друштво на Ликовни Уметници на Македонија (ДЛУМ).
20.12.2024 година – Учество на изложбата „Избери ме“ , организирана од Друштво на Ликовни Уметници – Прилеп (ДЛУП).
06.04.2025 година – 06.06.2025 година – Учество на проект како конзерватор соработник, за чистење, конзервација, реконструкција и стабилизација на римскиот театар во археолошкиот локалитет – Стоби.
























