Изложба на Дејан Иванов

10923558_741371385947772_2841258467744067887_n

 Во четврток  3 ноември 2016 г.  во 18.00 часот во галеријата од ЦК,,Марко Цепенков,, ќе биде отворена изложбата на слики ,,Космички пејзажи 2,, од Дејан Иванов Маргуш. Уметникот ќе се претстави со 13 дела.

Податоци за Дејан  Иванов

Дејан Иванов –роден 03.12.1979 година во Скопје

Дипломира на Факултет за ликовни уметности 2005година во класата на Јован Шумковски и Рубенс Корубин.Работи  исто витражи и мозаици.Член на ДЛУМ од 2005год.

10898088_741370845947826_4298991931961809438_n

САМОСТОЈНИ  ИЗЛОЖБИ

  1. Младински културен  центар. Скопје – 2006год.
  2. Дом на култура Антон Панов. Струмица – 2006год.
  3. Салон Петрико.  Белград – 2007год.
  4. Дом на култура Марко Цепенков. Прилеп – 2008год.
  5. Музеј Куманово.- 2009год.
  6. Кафе Галерија 8. Скопје -2012год.
  7. Кафе Галерија 8. Скопје -2014год.
  8. Национална галерија на Македонија –обијект Мала Станица -2014год

9.Национална галерија Тетово –Амам 2016год.

1901161_741370929281151_5766924169354413716_n

ГРУПНИ ПРЕТСТАВУВАЊА

2005год. Дипломирани студенти во Чифте Амам.

2006год.Зимски  Салон  ДЛУМ. Музеј на современа уметност Скопје.

2007год. Музеј на град Скопје. Скопско лето.

2007год. Њујорк од колекцијата на Тихо Кондев.

2008год. 107 уметници во Париз на ДЛУМ.

2008год. Остров Раб Хрвтска

2016год. Плзењ-Прага.

2016год. Фокушима-мегународена патувачка изложба.

Учесник на сите изложби на ДЛУМ од 2005година се до денеска.

НАГРАДИ

Награда –Димитар Пандилов  2012год.За Мал Формат од ДЛУМ.

КОЛОНИИ

Учесник на повеке колонии во земјава и странство.

Дејан Иванов – Маргуш како ликовен уметник не е фигуративен исто како и неговиот ликовен свет. Тој е апстрактен и неговата експресија е речиси целосно одраз на спонтан несвесен ониризам на битието. Овој наш сликар повеќе сака да на­сетува отколку да дефинира. На свој начин ониризмот како специфичен слој е присутен и кај последните дела. Тој е ин­стинктивно импулсивен и колористички афективен. Овој импулсивен имагинациски ритам на експресионистичка ап­страк­ци­ја овде е скротен и доведен до еден кристализиран, речиси трансцендентен спокој. Сликите се целосно потопени во флуидот на една благо нагласена метафизичка атмосфера. Асоцијативниот свет на овие дела е постојан, духовно прочистен и ликовно рафиниран. Интересен лиризам што сугерира тишина и нурнатост во чувството помеѓу мигот и вечноста. Ра­ково­деј­ќи се од композициските аспекти на авторот, може слободно да кажеме дека основна тема се просторот и пејзажот. Нагла­сената концептуалност сугерира статичност во еден просторно-временски исечок, но статичноста на ликовниот свет на делата на нашиот сликар е само привидна. Таа е суптилно ритмизирана од фината игра на светлото и на сенките, кои су­герираат не само статичен физички, туку и жив онтолошки простор, кој е мобилен одвнатре. Токму тоа е значајното би­деј­ќи така сликите на Дејан Иванов – Маргуш не се експеримент на гол конструктивизам, туку добиваат една семантична дла­бочина што ги симболизира тивката радост и спокојот на битието што го интегрира просторот- времето во себе. Морам да нагласам дека овде не станува збор за произволна опсервација. Ако повнимателно се загледаме, ќе забележиме дека мо­тивот на сликите на Иванов е композициски така поставен што сугерира некаков засолнат простор во кој едвај трепери ка­ко стивнат одблесок играта на светлото во миг издвоен од брзиот временски тек на минливоста. Намерно или случајно, во херметизмот на сликите на Дејан Иванов – Маргуш го препознаваме императивот што Маларме го поставуваше на по­­езијата, а кој важи за секој вид херметичка уметност, односно да се сугерира место да се именува. Токму сликите на Ива­нов ја следат интуитивно поетиката на тој императив.

Сликите се изработени со техничка и занаетска рафинираност. Неговите пејзажи претставуваат сосема инди­ви­дуални светови. Земјата. водата, воздухот, светлоста, во пејзажите, стануваат елементарно доживување. Овозможуваат на­бљу­дувачот да открива нови хоризонти на различни начини и претставуаат постојано нова авантура. Овие дела покажуваат колку се сензитивни и егзактни во исто време приодот кон природата, нејзината драматика и моќта за фасцинација.

Љупчо Маленков




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.