Изложба на дела од Кичевската ликовна колонија

3

Во петок 12.2.2016 во 19 часот во ликовниот салон на ЦК ќе биде отворена изложба на дела од меѓународната Кичевска ликовна колонија. Ќе бидат изложени творби од 19 автори учесници на 22 издание на колонијата од земјата и од Бугарија, Србија, Црна Гора, Казахстан, Малезија, Албанија, Кипар…

1

Меѓу делата се наоѓаат и творби од еминентите македонски автори Жарко Јакимовски, Васко Ташковски, Слободна Милошески, Емил Шулајкоски, Ѓорѓи Чулаковски- Ѓото, Решат Амети, Христина Зафировска и др.

-Имаме можност да видиме различни светови и индивидуални пристапи при утврдувањето на своите ликовни образци. Секој од  творците преку изборот на својот ,,личен говор,, се обидуваат да воспостават една нова врска меѓу духот и сопственото време,  да ни ја откријат вистината и од онаа страна што ни е малку позната. Тоа беше комуникација и нова визуелна размена на искуства. Сето тоа ќе го разбереме не само ако го сакаме, туку и ако самостојно ги разоткриеме нивните скриени концепти и пораки и знаења. Твроештвото е слобода на мислата, сублимат на духовната слобода. Времето што застанало на нивните платна и скулптури не  е само време на уметникот, туку и наше време – ќе забележи Жарко Јакимовски.

2




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.