Денес, 19 декември 2016 во 11.45 часот во ликовниот салон на ЦК,,Марко Цепенков,, ќе биде отворена изложбата ,, Уметниците во чест на СВ. Никола,,. На изложбата ќе бидат презентирани 30 икони од двајца уметници – Билјана Бинчев од Прилеп и Ванчо Димоски од Охрид.
Оваа изложба стана традиционална, дел е од одбележувањето на празникот Св. Никола и преку неа уметниците ја пренесуваат македонската традиција за иконопис.
Изложбата ја реализираат ЦК,, Марко Цепенков,, и Општина Прилеп.