Историска снимка од основачкото собрание на ВМРО-ДПМНЕ во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје, 17 јуни 1990 година.
Говорници од сите краеви на Македонија и од дијаспората – пишува во описот на видеото.
Во продолжение целата 6-часовна снимка од овој настан:
Името на партијата доаѓа од МРО, организација создадена во 1893. Партијата се смета себеси за идеолошки наследник на истoрискoтo ВМРО.
По смртта на Тито во 1980 започнал постепен процес на дезинтеграција на Југославија, а кон крајот на декадата се појавиле првите почетоци на партискиот плурализам во Македонија.
Дел од вратените иселеници, како и новата генерација на македонски интелектуалци политички се оформиле во духот на македонскиот национализам, барајќи независност на Македонија од југословенската федерација.
Од овие нови политички струи, на 17 јуни 1990 се формирала ВМРО-ДПМНЕ, која била правно регистрирана на 5 август 1990 година.
За нејзин прв претседател е избран Љубчо Георгиевски.