Изел 20 чоколади и испил 6 литри газирано – на Ургентен збунети од обидот за самоубиство

brza pomos (1)

Лекарите во Ургентниот Центар во Лесковец останале шокирани откако момче од Србија се обидело да се самоубие со слатки и газирани сокови. Се работи за 30-годишно момче кое изело 20 чоколади и испило 6 литри газирани сокови, сакајќи да си го одземе животот.

Пациентот паднал во состојба на хипергликемија, а лекарите брзо морале да пронајдат начин како да му го стабилизираат организмот.

– Не се умира така лесно од покачен шеќер во организмот, но се создаваат други проблеми. Најлошо што можело да се случи е да падне во кома. Ова е прв ваков случај, велат од болницата.

Најбизарниот случај на обид на самоубиство во овој град се случил кога едно момче во ист ден три пати кренало рака на себе.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.