Пожарот кој вечерва избувна во стан од зградата „Папагал“ во центарот на Скопје е изгаснат. Засега нема информации за повредени лица, но на лице место сè уште се присутни возила на Пожарна и на Брза помош.
Булеварот сè уште е блокиран за сообраќај, а жителите излезени пред зградата.
„Република“ пренесува дека според кажувањата на насобраните граѓани, пожарот најверојатно бил предизвикан од плинска боца, но официјалните причини ќе бидат познати по увидот.
Порталот објави и видео од немилиот настан: