Извршители го распродаваат луксузот на Буцо Лазов

Buco4-650x396

Буцо Лазов, кој е познат по своето мегаломанско живеење, и по луксузната автомобилска ергела во неговата гаража, сега е банкрот.

Владимир Буцо Лазов, сопственик на некогашната компанијата „Еуролинија“ и фирмата „Лазов груп“, за која од минатата година е отворена стечајна постапка, се чини дека веќе подолг период има финансиски потешкотии.

Буцо Лазов, кој е познат по своето мегаломанско живеење, и по луксузната автомобилска ергела во неговата гаража, сега е банкрот.

Со години наназад, Буцо Лазов ги восхитуваше скопјани со своите колекционерски пасии кон скапи автомобили и мотоцикли, накит, часовници, уметнички слики, патувања… Единствен, по скопските улици тој се возеше со „Bentley Continental GT Speed“, од 300.000 евра.

lazov-bentli-3

За македонскиот бизнисмен Буцо Лазов, кој во еден период имаше монопол во изнајмувањето билборди и рекламен простор во земјава, веќе подолг период се зборува дека работат не му оди баш најдобро, особено откако лани компаниијата за надворешно рекламирање, „Лазов груп“ отиде во стечај.

Од документот, објавен во неколку печатени медиуми, како оглас за јавно наддавање, се гледа дека Буцо Лазов, зел кредит од Стопанска Банка Битола.

Но, поради неговата неисплата, банката активирала извршител да ги распродаде работите кои најверојатно му биле ставени како гарант за кредиторот, односно биле заложени.

buco

 

На јавното наддавање што ќе се оддржи кон крајов на месецот, ставени се 275 уметнички слики во вредност од 400.002 евра и 35 ирански килими вредни 200.063 евра, како и два мотоцикли марка „MV Agusta“ тип „f5 f4 cc“ и „MV Agusta“ тип „fc f4 1000 rp“, вредни нешто повеќе од 25.000 евра.

На продажба е и уште еден ваков модел на мотоцикл, сопственост на заложниот должник Тодор Исаиловски, а вреден 13.414 евра.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.