Во чест на легендата на прилепскиот ракомет Миле Нешкоски, Ракометниот Клуб Прилеп упатува покана до сите љубители на ракометот, до сите поранешни играчи и соиграчи на, Миле, до сите пријатели и роднини и спортски работници, да присуствуваат на вториот по ред меморијален турнир “Миле Нешкоски”, кој ќе се одржи од 25-ти до 28-ми август во универзалната сала на “Тутунски Комбинат”.
Учевство на турнирот ќе земат 6 екипи, и тоа покрај екипата на РК Прилеп ќе настапат и екипите на: Пролет, Пелистер, Еурофарм Работник, Охрид и Борец.
Вчера беше извршено и ждребувањето за натпреварите, па носитлот на титулата од минатата година Охрид, се најде во група со Борец и Еурофарм, а домаќинот РК Прилеп во групната фаза ќе игра против екипите на Пролет и Пелистер.
Влезот за натпреварите од турнирот е слободен. Исто така од РК Прилеп за понеделник закажаа и прес-конференција за медиумите на која ќе бидат претставени новите засилувања на клубот, амбициите за следната сезона, како и поопширни детали за меморијалниот турнир и двомечот од ЕХФ купот против швајцарски Винтертур.