За прв пат во историјата тим од Балканот ќе игра на фајнл фор во ракометната Лига на шампиони. Македонскиот шампион Вардар ќе ја брани честа покрај на македонскиот и на ракометот од целиот регион.
Ривал на Вардар во полуфиналето во Келн ќе биде Барселона , другата двојка е Веспрем – ПСЖ
Мечевите во Келн се играат викендот на 3 и 4 јуни, трети јуни се полуфиналните дуели, на четврти за трето место и финалето.