Вистинстинска позитива како никогаш досега ја огреа прилепската Стара чаршија денеска. Во пресрет на Денот на независноста – 8-ми Септември, малите ангелчиња од градинките “Наша иднина”, заедно со нивните воспитувачки, покажаа дека и тоа како си ја сакаат државата во која живеат.
Насмеаните дечиња ја украсија со македонски знамиња камената бина во центарот на градот, а потоа извикувајќи: “Македонија, Македонија…”, прошетаа низ чаршијата, а на случајните минувачи, дуќанџиите и на оние кои одмараа на клупите, им делеа македонски знаменца.
Една искрена, весела и среќна дружина која ни го разубави денот, и воспитувачки кои заслужуваат награда. Ако најмалите ги воспитуваме вака, од мали нозе да си ја сакаат Македонија, тогаш се уште можеме да ја исправиме иднината.