Изведба на нови тротоари и пешачки патеки

11

Градот под Марковите кули, деновиве интензивно работи на поставување на нови тротоари и пешачки патеки. Станува збор за улиците: „ Самоилова“ и „Трајко Николоски“.
„Со овој инфраструктурен зафат започнавме и ќе продолжиме и понатаму. Во текот на оваа година е предвидена изградба на нови тротоари, на повеќе улици низ градот“, посочи Илија Карески раководител на секторот за урбанизам во општина Прилеп.
Со поставувањето на бехатон плочки и средувањето на тротоарите на овие фрекфентни сообраќајници значително ќе се олесни движењето на пешаците. Ваквиот тип на инвестиција чини 2.639.617,оо денари, средства обезбедени од локалната самоуправа.

12 13 1415




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.