Известување до православните верници од Прилеп по повод Духовденската задушница
“Се известуваат православните верници од град Прилеп, дека по повод претстојните празници Задушница и Духовден, а поради забраната од страна на Владата за одење на гробишта, помените за починатите ќе се извршуваат во храмовите (Св. Благовештение, Св. Петка, Св. Кирил и Методиј-Параклис и Св. Преображение) ВО ТЕКОТ НА ЦЕЛИОТ ДЕН (петок, сабота и недела) почнувајќи од 7:00 – 15:00 часот (верниците ќе бидат услужени веднаш по доаѓањето во храмот во било кое време). Се замолуваат верниците да ги почитуват мерките за превенција и заштита пропишани од Владата на Р. Македонија”, стои во известувањето упатено од од парохиското свештенство при град Прилеп.