Изборите во САД се ближат кон крајот: Ова се првичните резултати

Пребројувањето на гласовите од претседателските избори во САД се’ уште трае.

Се очекуваат резултатите од државите кои уште пред изборите беа најавени како одлучувачки за тоа дали Доналд Трамп ќе добие нов мандат, или поранешниот заменик претседател, Џо Бајден, ќе биде нов претседател на Америка.

Според резултатите кои ги споделува “Фокс Њjуз”, Трамп има изгледни шанси да остане уште 4 години во Белата куќа.

Изборите досега поминаа без изненадувања, односно и Демократите и Републиканците ги освоија своите традиционални држави.

Трамп досега победи во: Западна Вирџинија, Охајо, Индијана, Кентаки, Тенеси, Јужна Каролина, Флорида, Алабама, Мисисипи, Луизијана, Тексас, Оклахома, Арканзас, Мисури, Канзас, Небраска, Јужна и Северна Дакота, Вајоминг Идахо и Јута.

Бајден е победник во: Колорадо, Њу Мексико, Аризона, Калифорнија, Орегон, Вашингтон, Илиноис, Вирџинија, Мериленд, Њу Џерси, Њујорк, Вермонт, Њу Хемпшир, Мејн, Масачусетц, Род Ајленд и Хаваи.

Бајден е на добар пат да ја добие Минесота, а од друга страна Трамп има голема предност во Џорџија, Северна Каролина, Пенсилванија, Висконсин и Мичиген.

Токму овие земји каде Трамп има комотно водство му се потребни на Бајден доколку сака да биде нов претседател на САД.

Засега нема никаков резултат од Невада и Алјаска.

Моменталниот резултат е 227 електорати за Бајден и 210 за Трамп, нo според изгледот на мапата Трамп сигурно прв ќе стигне до потребните 270 електори.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.