„Ако се утврди дека сум потфрлил за пожарите, ќе си заминам од државава.
Ако се утврди спротивното, ќе побарам извинување од сите новинари кои ме нападнаа и мојата мајка мораше да ги слуша сите тие работи.
Земете истражете, не пишувајте шпекулации“, изјави директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.
Тој објасни дека вчера бил слободен и со приватно возило заминал во Крушево, но од таму не можел да предвиди дека ќе се појави пожар.
„Вчера имавме 14 активни пожари и како можам јас да ги менаџирам сите тие пожари. Мојата екипа од ЦУК вчера машки изработи на терен.
Оние кои велат дека не сум презел ништо очигледно е дека не гледаат вести, бидејќи јас вчера бев гостин на неколку вести во живо. Хеликоптерот околу пладне направи пауза, и цела јавност треба да знае дека небезбедно е да лета хеликоптер на 37 степени. Па зарем треба да се ризикуваат животите на пилотите?
Се нека изгори, нека бидат живи и здрави луѓето. Дрвјата пак ќе се вратат, а загубените човечки животи, не“.
Тој вели дека се појавиле дезинформации дека вчерашниот пожар во Кочани траел 5-6 денови и не бил изгасен.
„Тоа е ноторна лага. Вчерашниот пожар беше сосема нов, на нова локација и се случил најверојатно поради спојување на жици од бандери или далноводи, но тоа МВР треба да ја спроведе истрагата и да соопшти.
Сметам дека треба да бидам награден зошто го спасив Кочани, објасни Ангелов.