Идеја на годината во Македонија! Кој има нека донесе, а кој нема нека понесе (ФОТО)

Пилјара “Кај Кецот” од Гевгелија ја заслужи наградата за нај идеја за 2022 година. Пред нивниот дуќан се наоѓа закачалка на која тој што има повеќе може да донесе и закачи ќеса со производи, а тој што нема може да си понесе тоа што му треба.

-Хуманитарна акција , закачалка на добрината под мотото „Ако имаш ДОНЕСИ, ако немаш ПОНЕСИ“. Апелираме сите оние кои немаат и навистина им е потребно да се послужат од истата. Да ги направиме празниците убави за сите – напишаа сопствениците на овој дуќан на ФБ.

Секоја чест за креативноста и идејата! Нека биде пример за голем број сопственици на бизниси и дуќани.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.