Македонскиот шоумен Игор Џамбазов во последно време се почесто ги поздравува своите фанови и целата јавнсот со видеа од македонските убавини во Мавровскиот регион.
Денеска рано изутрина Игор беше во училиштето “Денче Дејаноски” во село Маврово, каде го дочека единственото прваче кое оваа година ќе посетува настава таму.
Колку и видеото да е интересно, особено одговорот на малиот Матеј за тоа што сака да биде кога ќе порасне, треба и да се замислиме како нација и народ.
Тука некогаш имало детски џагор од голем број деца, а денеска школската година ја започна само едно детенце.
Погледнете: