Игор Стефановски Иџе овој викенд со нова трка од ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC). Ќе ја вози патеката Рампа Да Фалпера во Португалија
Летечкиот Македонец, Игор Стефановски Иџе во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC), овој викенд ќе ја вози третата трка. Ќе вози на патеката Рампа Да Фалепра во португалската Брага. За него оваа патека е добро позната, шампионски освојувана.
Стефановски по првите две трки во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки е трето место во генерален пласман од сите натпреварувачи.
„Со силна возбуда, сакам да најавам дека очекувам добра трка. Посакувам да постигнеме одличен резултат. Патеката Рампа Да Фалпера добро ја познавам. Двапати бев на подиум и тоа на првата позиција. Моите очекувања и овојпат се слични, да триумфираме. Би сакал да истакнам дека ова е патека на која брзината на некои делови надминува и повеќе од 240 км, што е голем и силен предизвик за сите натпреварувачи. И пред оваа трка, би сакал да се заблагодарам на мојот неверојатен тим, тимот на Ферари, моите спонзори, и секако, до сите Вас кои ни давате безрезервна поддршка, вели Иџе.
Стефановски и годинава се трка со автомобилскиот ѕвер од Ферари 488 B8, специјално дизајниран за овие патеки.
Видеолотарија Касинос Австрија и во оваа трка од ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC), ќе биде дел од неговиот тим. Ние сме горди што повеќе од една деценија заедно навиваме за Иџе и Македонија.