Ивор Мицковски: Првичната цена беше 400, ќе го довршат автопатот за 600 милиони и ти вика дека заштедиле 100

Владата денеска соопшти дека постигнала договор со кинеската Синохидро за продолжување на изградбата на автопатот Кичево-Охрид.

Од првично предвидените околу 400 милиони евра, цената на изградбата на автопатот Кичево-Охрид ќе порасне за уште најмалку 187 милиони евра. Доколку на оваа цена се додадат и евентуалните непредвидени трошоци, 57-те километри автопат во Македонија би можеле да достигнат и цена близу 600 милиони евра, или речиси 6 милиони по километар автопат.

Колумнистот кој со години јавно ги бранеше ставовите на СДСМ и Зоран Заев, Ивор Мицковски, го коментира ова однесување на актуелната власт:

„Првична криминална цена 400 милиони евра за 57 км автопат. Доаѓа демократска власт, наместо да прекине со криминалот и додека чекаме разврска од „Траекторија“, одлучуваат да го довршат автопатот по цена од 600 милиони, и ти вика дека заштедиле 100“.

Извор: kurir.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.