Поскандалозно од самиот скандал со “Рекет” е само однесувањето на оние што 2014-16 беа “критичка јавност”, а денес се само релативизаторска фасада на СДСМ ухлебена во јавните служби, опинионисти на владин повик, медиуми блиски до власта и провладини “невладини”, пишува на свјот Фејсбук профил Ивон Величковски од Либералната партија.
„Она што важеше тогаш за Груевски, за доследните важи и денес за Заев – оставка“ порачува Величковски.
Тој смета дека со обзнанувањето на “Рекет” во домашните медиуми се срушени владата и правосудството. Со објавите на “Ла Верита”, аферата со СЈО добива назнака за меѓународна димензија.
Гласникот е од второстепено значење, најбитни се мотивите и организацијата на актерите на снимката, нивните соучесници, покровители и инспиратори.
Лесно е да се претпостави дека опфатот на “Рекет” веќе не е само домашно политички. Со темпото на објавување, најинтересното допрва следи.