Претеседателот Ѓорге Иванов по референдумот вели дека референдумот е неуспешен, а Владата треба да се соочи со одговорнсот пред народот. Според него, Македонија останала непоразена. Иванов порача да не се извртува вистината, бидејќи како што кажа, референдумот е неуспешен. Порака испрати и до Собранието, на кое му порача дека треба да го послуша народот кој испратил јасна порака.
„На вчерашниот референдум, народот го отфрли преспанскиот договор. Народот е против наметнати и избрзани решенија. Пораката е испратена. Реалноста е дека референдумот не успеа. Не ја поценувајте суверената волја на народот. 36,9 излезност не е волја на народот, туку 69 отсто кои не излегоа. Реалноста е дека референдумот е неуспешен. Време е за одговорност пред македонскиот народ“, порача претседателот Иванов.
„Поддршката за ЕУ и НАТО ја намаливте. Ги манипулирате граѓаните, а нашите партнери ги лажете. Истовремено, очекувам набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР сериозно да ги земе забелешките од избирачките места. Оние другите кои се мешаат од страна, да ги почитуваат меѓународните конвенции“, додаде Иванов.
Тој го цитираше и Доналд Трамп и тоа што тој го кажал од говорницата во Обединетите нации.
„Верувам во амбицијата на нашиот народ. Референдумот не е анкета, туку одлука која обврзува. Собранието мора да ја почитува таа одлука. Им честитам на македонскиот народ за нивната одлука“, рече Иванов.
За оние кои излегле да гласаат на референдумот, Иванов рече дека Македонија треба да иде во ЕУ и НАТО, но со реформи, без притисоци и уцени.
„Само цврсто сплотени може да го изодиме патот до ЕУ и НАТО. Немаме дилеми дека таму ни е местото. Но таму треба да влезе со човечко достоинство без уцени и притисоци. Имаме два големи предизивика со кои треба да влеземе, тоа се реформите. Со партиски клиентизам и без реформи во правниот систем, не можеме“, додаде Иванов.
Тивкото мнозинство одлучи, реалност е дека референдумот не успеа. Не се обидувајте да ја измените оваа реалност, порача денеска претседателот Ѓорге Иванов во обраќањето до јавноста.
– Не се обидувајте да ја измените оваа реалност, не ја потценувајте суверената волја на македонскиот народ. 36,9 отсто излезеност не е волја на народот, туку 63,1 отсто кои не излегоа. Реалност е дека референдумот не е успешен. Време е за одговорност. Поддршката за ЕУ и НАТО од над 80 отсто ја сведовте на само 36,9 отсто. Ги манипулирате и нашите граѓани и нашите европски и евроатлантски партнери. Им пласирате лажни перцепции, рече Иванов.
Референдумот не е анкета, истакна Иванов и додаде дека одлуката на граѓаните обврзува.
– На референдумот вие граѓаните непосредно ја остварувате вашата суверена власт. Собранието таа одлука мора да ја почитува, рече Иванов.
Додаде дека само цврсто сплотени околу „нашите државни интереси, почитувајќи го уставниот и правниот поредок може да го изодиме патот до европското и евроатлатското семејство“.
– Немаме дилеми дека местото на Република Македонија е во ЕУ и НАТО. Но, таму треба да влеземе со нашето човечко достоинство, без уцени, притисоци и двојни стандарди. Само така ќе можеме да се справиме со двата големи предизвика, рече тој.
Првиот, додаде се сериозни и темелни реформи во сите сегменти, а вториот одново да постигне национален консензус „за да можеме со еден глас и сплотени да настапуваме во бранењето на нашите државни интереси и остварувањето на нашите стратешки цели“.
Истакна дека очекува од ОБСЕ-ОДИХР сериозно да ги земе предвид приговорите околу нерегулартности на некои избирачки места.
Повика исто така, повика владејачкото мнозинство да понесе одговорност за неуспешниот референдум.