Иванов пресече: СДСМ не може да добие мандат за формирање влада како втора партија по број на пратеници

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по средбата со претседателот Ѓорге Иванов информираше дека Иванов му кажал оти не можат да го добијат мандатот за формирање влада како втора партија по освоени мандати.

gjorgje-ivanov-2

-Како второпласирана партија со број на мандати не можеме да добиеме мандат за формирање влада. Укажувањето од Иванов беше дека треба да докажеме дека имаме мнозинство согласно Уставот, што значи 61 пратеник, чии потписи како доказ треба да бидат доставени во кабинетот на Иванов по што ќе добиеме мандат, изјави Заев по средбата.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.