Ибрахимовиќ во свој стил: Не го избрав бројот 11 затоа што ќе го избркав Борини од клубот (ВИДЕО)

Ибрахимовиќ слета на Линате ародромот каде беше пречекан од Звонимир Бобан и десетици навивачи на „Росонерите“.

Мега-засилувањето на Милан денеска во 11.30 часот слета на Линате ародромот каде десетици возбудени навивачи му приредија дочек. Од управата на клубот пратен да го пречека беше Звонимир Бобан.

„Многу сум среќен што се враќам. Ова е многу емотивно за мене бидејќи секогаш сум велел дека Милано е мојот дом и конечно еве ме назад. Бев во други клубови, но конечно повторно сум тука“, беа првите зборови на Ибра по слетувањето.

Италијанските медиуми објавија дека Ибрахимовиќ ги поминал лекарските прегледи.

Многумина ги интересираше зошто Ибрахимовиќ го одбра дресот со број 21, а тој реши да се пошегува во свој стил.

Бројот 21? Сосема ми е во ред. Каков однос имам со Борини? Немам никакви проблеми со него, ако јас ја сакав „11-ката“ ќе ми ја дадеа без размсилување. Ќе го избркав Борини од клубот и тоа е тоа. Но, ајде, годината да ја започнеме на добар начин, без проблеми, изјави Ибрахимовиќ со насмевка на лицето. Шведскиот ас во Милано пристигна како слободен агент, а ланската сезона ја мина во редовите на американски Лос Анџелес Галакси.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.