Новите регистарски таблички за возилата кои МВР ќе ги издава од наредната недела ќе бидат со национална ознака NMK наместо досегашната МК.
Според измените кои ги направи Министерството, предвидено е новите табличките да се издаваат од 15 јуни, но бидејќи е сабота, првите ќе се издадат веројатно во понеделник.
Оние пак, кои немаат потреба веднаш да ги менуваат табличките ќе ги користат старите со налепници.
Се пропишува дека одредбата која се однесува на налепницата „NMK“, ќе се применува до 12.02.2024 година – велат од МВР.