Општинската зграда во Крушево од вчера има двојазична табла. Република Северна Македонија е напишано на Македонски и албански јазик.
Со реакција на социјалните мрежи се јави претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Крушево, Никола Зисов.
“Во градот на Питу, Карев и на други знајни и незнајни јунаци кои загинале за МАКЕДОНИЈА и се колнеле во знамето на Крушевската Република и Слободна Македонија уште таблава фалеше во Крушево и да биде се како што треба. Сите се среќни, вработени, канализациони мрежи се поставени на сите населени места, киното и театарот работат секоја недела, младите се на врвот на интетересите на Општината, се отвараат нови фабрики и еден мал милион други проекти од интерес на граѓаните. П.С: Чувајте ги “старите” табли, бидејќи ќе дојде ден кога повторно ќе бидат вратени!” – напиша на Фејсбук претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.