Фудбалскиот клуб Тетекс, еден од најголемите фудбалски брендови, повеќе не постои како самостоен субјект.
ФК Тетекс е двоен освојувач на Купот на Македонија, играше и во Европа, а од денеска клубот се спои со ФК Лабуништа и под името ФК Лабуништа 2011 Тетово, двата клуба ќе настапуваат во Втората лига – Запад.
Промената е направена и во Централниот регистар, а реакциите за ваквата фузија се најразлични, од такви кои го одобруваат, но и голем број кои не го одобруваат ваквиот потег.
Ајде urime.
Од денеска не постои и фудбалскиот клуб Тетекс Тетово, гордоста и столбот на Македонците во Тетово.Поради фузија со Лабуништа, името на клубот е "Лабуништа 2011 Тетово".
ЕБАВТЕ ШТО СТИГНАВТЕ МАКЕДОНСКО. pic.twitter.com/7tKjCLeWPL— Malista Pulikala (@malistaPulikala) July 22, 2020