И Украина доби датум?

Украинската министерка Олга Стефанишина изјави дека очекува Украина во јуни да добие статус на кандидат за членство во ЕУ.

Вицепремиерката на Украина задолжена за европски и евроатлански интеграции изјави дека нејзината земја е подготвена брзо да започне со кандидатурата за членство во ЕУ.

Нејзините забелешки доаѓаат еден ден откако претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен вети брз одговор на барањето на Украина за членство во алијансата.

На заедничката прес-конференција со Зеленски, Фон дер Лајен му врачи прашалник на украинскиот претседател, кој ќе биде почетна точка за одлуката за членство.

Искрено се надеваме дека Украина нема да го следи македонскиот пример за напредок во Унијата и во следните два месеци да добие уште неколку датуми.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.