Раперот Тони Зен ја поддржа иницијативата “Го сакам Водно” и нивните напори да се спречи изградбата на гасовод низ белите дробови на Скопје.
Тој преку видео порака се обрати до целата нација каде вели:
“Секој може да се вклучи директно и да застане во одбрана на Водно. За да оваа порака биде пренесена баш до оние кои се најодговорни за ваквите проекти, за да им се даде до знаење дека секоја постапка, секоја акција си има и последици, овој пат овие последици кога станува збор против природата, се многу опасни. ДA го сакам Водно-НE за гасовод низ него, затоа што има алтернативни решенија”.