Владата спротивно на Венецијанската комисија инсистира на легализација на истополови бракови и предвреме смена на Комисијата за дискриминација.
По тој повод преку соопштение до јавноста се произлезе и Комисијата за заштита од дискриминација, која ви го пренесуваме во целост:
Во врска со повеќето изјави заклучно со прес конференцијата на членовите на „Мрежата за заштита од дискриминација“, од 28.2.2019 година, а во врска со усвојувањето на предлог законот за спречување и заштита од дискриминација, Комисијата за заштита од дискриминација, сака да ѝ упати внимание на јавноста на 7 важни нешта:
– Прво, прифаќајќи ја потребата од натамошно унапредување на антидискриминациското законодавство, сметаме дека носечкиот проблем во ова област е целосната неподготвеност на надлежното министерството за труд и социјална политика да се заложи да бидат надминати проблемите поврзани со просторот за работа, заради што Комисијата веќе 7 години ги извршува своите надлежности во една просторија од 20 метри квадратни на 20 спрат во зградата на Македонската телевизија во која долг временски период не работат лифтовите!
– Второ, независно од отсуството на елементарна поддршка од Министерството во секоја смисла наспроти нашите повеќегодишни апели и молби, Комисијата успева да ги оствари надлежностите предвидени со Законот за спречување и заштита од дискриминација (Службен весник на Република Македонија бр.: 50/2010) за што сведочат позитивните критики од релевантните меѓународни организации какви што се ЕКВИНЕТ – Европската мрежа на тела за еднаквост и ЕКРИ – европско експертско тело против расизам и нетолеранција.
– Трето, Комисијата со жалење ги отфрла клучните тврдења на „Мрежата за заштита од дискриминација“ бидејќи истите се отфрлени од сите клучни релевантни адреси за нашата земја, а особено од Венецијанската комисијакоја како експертско тело при Советот на Европавршеше стручна анализа на предлог законскиот тексткој е во собраниска процедура, како и од ЕКВИНЕТ и од ЕКРИ.
– Четврто, иако Комисијата оствари 3 средби со Министерката за труд и социјална политика и зема активно учество во работата на групата за подготовка на новиот закон, сите наши легитимни и оправдани сугестии беа промптно и со индигнација отфрлани заради што, меѓу другото, ефектот од ваквата работа е текст кој е предмет на силни критики од меѓународната заедница и кој предизвикува силна политичка поларизираност веќе две години.
– Петто, Комисијата апсолутно поддржувајќи ја потребата од уште поголемо унапредување на антидискриминациското законодавство, смета дека е клучно при усвојувањето на постојниот предлог закон кој е во собраниска процедура да бидат имплементирани во целост забелешките на релевантните европските институции, како и сугестиите на опозицијата затоа што тоа е единствениот начин кој ќе овозможи најширока општествена прифатеност и усогласеност. Во оваа смисла, за да се постигне тоа, Комисијата смета дека неопходниот минимум е да се интегрираат најмалку два амандмана во предлог законскиот текст.
1.Со првиот амандман потребно е да се врати одредбата која постои во актуелниот закон дека уредувањето на бракот, вонбрачната заедница и семејството исклучиво како заедница на спротивни полови, односно на еден маж и една жена претставува исклучок од дискриминација бидејќи, во спротивно силно се јакнат легитимните стравови на конзервативниот дел од граѓаните на нашата држава независно од нивната политичка, етничка или верска припадност, во смисладека се создава правно фундиран простор за легализација на истополовите бракови, како и за легализација на желбата на овие двојки за посвојување на деца. Во оваа смисла, сметаме дека доколку се интегрира ваква промена во текстот што е во собраниска процедура, ќе се обезбеди најширока можна прифатеност во државата бидејќи, од една страна, продолжува да се обезбедува и унапредува еднаквоста по сите основи вклучувајќи ја и сексуалната ориентација, а, од друга страна, истовремено, се штити и бракот и вонбрачната заедница какви што постојат низ вековите до денес како заедница исклучиво на еден маж и на една жена.
2. Со вториот амандман, пак, треба да се испочитуваат силните критики на Венецијанската комисија, како и на другите европски организации, кои остро застанаа против одредбата за предвремен прекин на мандатот на ова тело две години порано, што е причина за силен сомнеж за уште едно мешање на политиката во работата на независните институции. Во конкретна смисла, во својот стручен коментар во однос на Законот, Венецијанската комисија го констатира следното: „во нацрт-законот [за спречување и заштита од дискриминација, н.з.]нема доволно заштитни механизми со кои се обезбедува вистинска независност на Комисијата, особено за избор и разрешување на членовите на Комисијата. Комисијата бара да се преиспитаат одредбите за предвремено престанување на мандатот на членовите на Комисијата, бидејќи тие ја ограничуваат независноста на Комисијата“.
– Шесто, силно антиципирајќи го фактот дека за сите важни прашања како ова е особено важно да се постигне најширок можен консензус помеѓу сите општествени фактори, Комисијата сосема принципиелно и искрено повикува на фер дијалог помеѓу сите клучни сегменти на Општеството, односно на социјалдемократската власт, конзервативната опозиција, како и претставниците на албанските партииво Собранието на државата, а во функција на обезбедување на најширок можен консензус со кој би се одблокирал процесот, како и во функција на максимално испочитување на критиките на меѓународната заедница во врска со содржината на предложениот законски текст за недискриминација подготвен од страна на „Мрежата за заштита од дискриминација“ и прифатен од страна на Владата.
– Седмо, Комисијата, како и во минатото, така и во иднина останува целосно подготвена да се вклучи во овој процес со целото свое стручно знаење и искуство во функција на создавање на законски текст кој ќе обединува и унапредува, а не кој ќе дели и уназадува.
Извор: kurir.mk