И Победа на прав пат, но кон ТРЕТА лига: Љубителите на фудбалот во Прилеп целосно разочарани

Ниту на стартот од втората полусезона во Втората лига – Исток, Победа не може да дојде до три бода.

После нерешениот резултат минатата недела во Крушево, каде Победа се спаси со гол во 96-та минута против Питу Гули, денеска црвено-белите на домашен терен доживеаа уште еден неуспех.

Во Прилеп Победа беше совладана со 0:2 од Брегалница, при што го забележа 10-от сезонски пораз.

Победа во моментов се наоѓа на осмото место во Втората лига – Исток, кое води во понизок ранг на натпреварување.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.