“Винтер Априкотс” и “Јавен Простор” Прилеп ве покануваат на втората заедничка вечер од цуклусот настани „Музика и филм кај Саатот“ – во недела (24.08) со почето од 20:30часот.
-Со желба и идеја повторно да го оживееме централното градско подрачје, да се дружиме, запознаваме, разменуваме идеи и мислења, повелете на следното градско дружење, на кое ќе имате можност да проследите избор на тематски кратки филмови од Интернационалниот фестивал на кратки филмови Winter Apricots (од 20:30 ч.) во нашиот кино-простор, за да потоа се случи заедничка забава со многу познати македонски и странски рефрени во изведба на прилепскиот бенд The Doctors и поканените гости. Вечерта, исто така, сакаме да им ја посветиме на сите девојки и жени што ги сакаме и нѐ инспирираат. Поканате ја вашата омилена дама на танц и пригоден пијалок кај нашите пријатели во “Чоше” и “Носталгија”, стои во поканата од организаторите на социјалните мрежи.
Придружете се да гледаме мудри филмови и да танцуваме на добра музика!
Настаните се поддржани од “Кафе Чоше, кафе “Носталгија”, “Златни пуканки” и општина Прилеп.
Организаторите упатуваат посебна благодарност упатуваме кон Љупчо Кузманоски.