И Новаци и’ скина бодови на Победа во Прилеп

Победа пропушти одлична шанса да запише нови 3 бода, откако вчера на градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп ремизираше 1:1, со новајлијата во Втората лига Новаци.

Во натпревар во кој црвено-белите ја имаа инцијативата и играа добро во речиси сите 90 минути, водството за прилепчани дојде дури во 72-та минута, кога мајсторски стрелаше Филип Димоски.

И кога се мислеше дека се’ oди во корист на прилепчани, екипата предводена од екс тренерот на Победа, Дарко Крстески, ги казни црвено-белите за низата промашени шанси во 85-та минута. Радоста на малубројната публика на Градски им ја зеде Антонио Стојковски, кој стрелаше прецизно од работ на 16-тиникот.

Победа се наоѓа на 11-то место на табелата со само 8 освоени бода од 6 натпревари. Во наредното коло прилепчани гостуваат кај фенерџијата САСА.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.