Со голем број музички ѕвезди, карневали, изложба на олд тајмери, илјадници посетители, многу испиено вино и во одлична атмосфера и расположение, помина традиционалниот “Тиквешки Гроздобер” во Кавадарци.
Имаше за секого по нешто, од најмало до најголемо. Едноставно, невозможно е да се напише во еден текст што се’ се случуваше викендов во градот од Тиквешијата.
Ако не успеавте да присуствувате во живо, целата програма ден по ден најубаво можете да ја проследите на официјалната ФЕЈСБУК СТРАНА.
Секако шлаг на тортата синоќа беше настапот на безвременската балканска ѕвезда, Лепа Брена, која иако во октомври полни 63 години, докажа дека се’ уште зрачи со неверојатна енергија и успеа илјадниците присутни да ги крене на нозе.
Елегантна како и секогаш, Брена ги испеја сите нејзини најголеми хитови, а публиката уживаше од прва до последна минута.
Целата атмосфера во Кавадарци синоќа проследете ја во продолжение: