И Македонија ќе биде дел од списокот на Путин? Русија ќе спроведе контра-санкции

Рускиот претседател Владимир Путин и нареди на владата да состави и во рок од два дена да достави список на земји кои воведоа санкции кон Руската Федерација. Ова важи и за компании, организации и поединци, според указот на шефот на државата.

– Владата на Руската Федерација во рок од два дена да направи список на странски земји кои вршат непријателски дејствија против Руската Федерација, руските правни и физички лица – се вели во соопштението.

Со овој указ, претседателот воспостави привремена постапка за плаќање на странски кредитори поврзани со земјите кои воведоа санкции кон Руската Федерација.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.