Амбасадорката на Република Македонија во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Александра Миовска, денеска беше на аудиенција кај Кралицата Елизабета.
Миовска на Кралицата и ги предаде акредитативните писма како нов амбасадор на Република Македонија.
На приемот кај Кралицата се пиеше само македонско, односно високите гости во Кралската палата уживаа во вината на најстарата и најпознатата винарија Тиквеш.
Кралицата од амбасадорката Миовска на подарок доби ексклузивно вино на Тиквеш „Барово“.
Инаку, Александра Миовска е назначена за амбасадорка на Република Македонија во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во август годинава.
Her Excellency Mrs. Aleksandra Miovska was also received in audience by The Queen and presented the Letters of Recall of her predecessor and her own Letters of Credence as Ambassador from the Republic of Macedonia. pic.twitter.com/DIVZjKc6QH
— The Royal Family (@RoyalFamily) November 8, 2018
Извор: “Инфомакс”