Нова радосна вест од Клиника за детски болести, уште еден мал пациент успешно го заврши лекувањето и го чукна среќното ѕвонче.
-Победничкото ѕвонче повторно силно звонеше за да слушнат сите дека нашиот јунак Медиан храбро ја помина и ја освои тешката битка. На Медиан му посакуваме многу здравје и среќно и безгрижно детство – напишаа од Клиниката на социјалните мрежи.
Инаку, Медиан е второ момче во изминатата недела кое на огромна радост на сите си замина излекуван дома со родителите. Пред 4 дена тоа беше малиот Дамјан.
























