И во кopoна може да има култура: Прекрасна втора фестивалска вечер на деветтото издание на “Џез викенд” во Прилеп

На летната сцена на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп викендов се одржува деветтото издание на Прилеп „Џез викенд“.

Со почитување на мерките за заштита на здравјето од кopoнавиpycoт и со ограничен број на посетители, но со желба да се одржи оваа прекрасна традиција која започна пред 9 години.

Синоќа на втората фестивалска вечер, на програмата беше промоција на книга: “Press & Play” од Ненад Георгиевски, како и настап на Оливер Јосифовски Квартет/Светлост.

Вечерва на последната фестивалска вечер свои настапи ќе имаат: Next To Silence и Bernays Propaganda.

Настапите од синоќа можете да ги проследите ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.