И Бозоски донирал, другите советницин со “змии во џебовите”?

Во својата редовна колумна за порталот на “РАДИО ПЕЛА”, новинарот Зоран Момироски ја начна темата за советничките паушали на советниците од Советот на општина Прилеп.

Во предизборната кампања за локалните избори повеќемина советници ветуваа дека ќе ги донираат цели или дел од паушалите за хуманитарни цели, но факт е дека на зборот си останале малкумина, или само двајца – Д-р Кире Јоноски, за кого Момироски пишуваше минатата недела, а сега дознаваме дека на зборот си достоел и Диме Бозоски.

-ДИМЕ БОЗОСКИ СОВЕТНИК ВО СОВЕТОТ НА ОПШТИНАВА, ТРГНА ПО ТЕРКОТ НА НЕГОВИОТ КОЛЕГА ЈОНОСКИ. БЛИЗОК И ПО ПРЕДЛОГ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЈОВЧЕСКИ ЗА СОВЕТНИК, ДИМЕ БОЗОСКИ, ЗА ДА ДОКАЖЕ ДЕКА И ТОЈ СИ СТОИ НА ДАДЕНИОТ ЗБОР ДЕКА МЕСЕЧНИОТ ПАУШАЛ ОД 20.000 ДЕНАРИ ЦЕЛОСНО ЌЕ ГО ДОНИРА ВО ХУМАНИТАРНИ ЦЕЛИ ОБЕЗБЕДИ БАНКАРСКИ ИЗВЕШТАЈ.ОД НЕГО, МОЖЕ ДА СЕ УТВРДИ ДЕКА ОД ДОБИЕНИТЕ 400.000 ДЕНАРИ ОД СОВЕТНИЧКАТА „ПЛАТА“ ЗА 20 МЕСЕЦИ, БОЗОСКИ ДОНИРАЛ ЗА ЛЕКУВАЊЕ НА ДЕЦА И ВОЗРАСНИ, ЗА ПАРТИЦИПАЦИЈА ЗА УЧЕЊЕ И ЗА УЧЕБНИЦИ, ЗА УЧЕБНИ ПОМАГАЛА, ПЛАЌАЛ ЗАОСТАНАТИ ДОЛГОВИ ЗА КОМУНАЛНИ СМЕТКИ, ВКЛУЧУВАЈЌИ И ЗА СТРУЈА НА ГРАЃАНИ, ПРИ ШТО ТОЈ ПРЕРАСПРЕДЕЛИЛ ПОВЕЌЕ ОД 450.000 ДЕНАРИ. БОЗОСКИ ИМА ДОНИРАНО И ЗА ПРОФЕСИОНАЛНАТА ПРОТИВ ПОЖАРНА ЕДИНИЦА ВО ПРИЛЕП, НО И ЗА САНИРАЊЕ НА КУЌИ КОИ СЕ ОШТЕТЕНИ ИЛИ УНИШТЕНИ ВО ПОЖАРИ. ДОНАЦИЈА ИМА ДАДЕНО И ЗА ООУ „КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ПРИЛЕП – пишува Момироски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.