После долги години на градба, манастирскиот комплекс Св. Преображение во Крушево, или кај народот познат како манастирот на Тоше Проески, денеска го дочека денот да биде осветен.
Во присуство на голем број верници од Крушево и земјава осветувањето на манастирската црква го изврши Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на повеќе Архиереи на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.
Храмот зрачи од убавина. Ѕидовите ги красат прекрасни фрескоживописи, а на еден од нив се наоѓа и ангелскиот лик на Тоше.