Зрачат со топлина, радост и празничен дух: Дечињата во црквата Параклис во Прилеп се подготвуваат за коледарската поворка (ВИДЕО)

По повод Христовото раѓање – Божик, на 06.01.2020 година (ПОНЕДЕЛНИК) во Прилеп ќе се одржи коледарската поворка со учество на сите дечиња кои сакаат да учествуваат.

“Имено, со Бадниковата поворка ja возобновуваме една прекрасна древна традиција, која, веќе насекаде во Македонија, прерасна во еден од најмасовните собири што радосно ги обединува најмладите од целата наша Татковина, огромни групи на деца се собираат за радосно да го најават Христовото Раѓање и да пренесат топла празнична порака, пеејќи ја старата коледарска песна „Вечниот Бог“.

Затоа и ние го испраќаме нашиот топол апел, до сите деца, родители, до сите граѓани од целиот наш град, да се соберат во уште поголем број, да го привлечат Божјиот благослов за нашиот народ”, напишаа во повикот до сите дечиња од црковниот храм Св. Кирил и Меториј (Параклис).

Денеска се одржа и втората проба, па од црковниот храм објавија и видео кое зрачи со топлина, позитивна енергија и радост.

Погледнете:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.